Фудбал

Хондурас: Насилство, хаос и три жртви на стадион

18. август 2019 - 12:51 | Б.С.Б.

Фудбалски натпревар во Хондурас се претвори во трагедија. Најмалку тројца загинаа утрово, а седум се повредени во конфликт меѓу навивачи на натпревар од фудбалското првенство во Хондурас.

Навивачи на Олимпија и Мотагва влегоа во конфликт пред стадионот каде требаше да биде натпреварот. Седум луѓе се примени во болница од кои тројца им подлегнале на повредите, а четворица се во тешка состојба, пренесува AP.

Нередите избиле кога е нападнат автобус во кој биле играчите на Мотагва. Тројца фудбалери се повредени и кратко време биле задржани во болница. На автобусот биле фрлани шишиња и камења, а фудбалерите се криеле на подот.

Националната фудбалска лига го суспендираше мечот по овој инцидент. На стадионот имало 10.000 навивачи во моментот кога почнале нередите. Полицијата претходно распореди 5.000 полицајци, со оглед на тоа што станува натпревар со висок ризик.

Но, тоа не ја спречи трагедијата.

Коментирај