Свет

Хонгконг се подготвува за нови протести викендов

6. септември 2019 - 10:00 | М.С.

Хонгконг се подготвува за нови протести овој викенд. Организаторите се закануваат дека ќе ги блокираат возните линии кои одат кон аеродромот, една недела откако го блокираа градскиот превоз, што резултираше со големи нереди и насилство.

Во огласот објавен на South China Morning Post, ги замолуваат да не го прекинуваат патувањето на повеќе од 10.000 патници кои секојдневно го користат тој аеродром.

Во меѓувреме, Хонгконг се подготвува за нови протести низ градот, на локациите како што се станиците на подземната железница во близина на владините згради.

Протестите почнаа поради Законот за екстрадиција, кој во меѓувреме беше суспендиран, а прераснаа во антивладини, откако полицијата употреби прекумерна сила.

Коментирај