Мобилни

Honor 6X, смартфон од 240 евра со корисничко искуство како iPhone 7

4. јануари 2017 - 12:30 | Д.П.

Саемот за електроника CES 2017 е место на кое се претставуваат многу новитети, а еден од гаџетите што дебитира е Honor 6X смартфонот од средната класа кој за релативно достапна цена носи одлични перформанси.

Новиот смартфон на Honor овој пат носи опции што му се приближуват на iPhone 7, а тоа го прави со цена од 240 евра. Honor 6X има двојна камера на задната страна, која располага со одлична бленда со опсег од f/0.95 до f/16.

Вториот објектив ја има задачата за создавање на длабочина на фотографиите со софтверско заматување на позадината, слично како она што го прават iPhone 7 Plus и Huawei P9. Се разбира квалитетот не е на исто ниво со овие два модели, но е прв пат оваа технологија да биде достапна за оние со поплиток џеб.

Смартфонот има 5,5 инчен HD екран, сензор за отисоци поставен на задната страна, процесор Kirin 655 со четири јадра на 2,1 GHz и уште четири други јадра на 1,7 GHz.

RAM меморијата е од 3 GB, а внатрешната меморија е со капацитет од 32 GB со можност за зголемување со microSD картичка на чие место може да се стави и втора SIM картичка.

Батеријата од 3340mAh ветува автономија и до 36 часа со нормално користење на уредот.

Loading the player...

 

Коментирај