Фудбал

Хорор повредата на Велбек го замолкна стадионот Емирати

9. ноември 2018 - 10:13 | К.З.

Арсенал вчера го обезбеди пласманот во нокаут фазата од Лига Европа, но вечерта беше одбележана со трагичната повреда на напаѓачот Дени Велбек. Нерешениот резултат падна во втор план откако Велбек мораше да биде изваден на носилки, а неговите соиграчи не собраа сили за да нападнат за победа до крајот на натпреварот.

Тимот на Арсенал беше во контрола на натпреварот против Спортинг Лисабон, но не успеа да ги искористи шансите за да забележи нова победа и дуелот заврши со непопуларни 0:0. Сепак, лондонскиот состав ја прошири серијата без пораз на 15 натпревари и влегува добро подготвен за остатокот на сезоната.

Играчите и навивачите на Арсенал нема да ја паметат оваа вечер по добро, а тоа посебно важи за Дени Велбек, кој синоќа доживеа тешка повреда во еден дуел во шеснаесетникот на Спортинг. Англискиот напаѓач имаше шанса да постигне гол со глава во 25-тата минута од натпреварот, но наместо тоа лошо доскокна и го скрши зглобот.

Внимание: Чувствителна содржина. Гледајте на свој ризик.

Несреќната повреда на Велбек го одбележа натпреварот но ги демотивираше играчите на Арсенал, кои беа видливо шокирани од глетката.

Младиот Матео Гуендузи беше посебно вознемирен а не можеше да издржи да не погледне кон неговиот соиграч.

Арсенал со овој бод го обезбеди пласманот во нокаут фазата на Лига Европа и осигура европска пролет. Тренерот на тимот, Унаи Емери, по натпреварот изјави дека Арсенал мора да се фокусира на Лига Европа бидејќи се обидува да стигне до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Останати резултати:

Астана – Јаблонец 2:1

Фенербахче – Андерлехт 2:0

Акисар – Севиља 2:3

Аполон – Ајнтрахт Франкфурт 2:3

БАТЕ Борисов – Челзи 0:1

Динамо Киев – Рен 3:1

Генк – Бешикташ 1:1

Краснодар – Стандард Лиеж 2:1

Лацио – Марсеј 2:1

Малме – Сарпсборг 1:1

МОЛ Види – Паок 1:0

Рапид Виена – Виљареал 0:0

Спартак Москва – Ренџерс 4:3

Баер Леверкузен – Цирих 1:0

Реал Бетис – Милан 1:1

Бордо – Зенит 1:1

Селтик – Лајпциг 2:1

Динамо Загреб – Трнава 3:1

Лудогорец – АЕК Ларнака 0:0

Олимпијакос – Дуделанж 5:1

Розенборг – Салцбург 2:5

Славија Прага – Копенхаген 0:0

Ворскла – Карабах 0:1

Коментирај