Љубов и секс

Хороскопски знак во кој се раѓаат најзгодните мажи

2. декември 2019 - 15:49 | Б.С.Б.

Тие се интелигентни, забавни и згодни, станува збор за Стрелците кои важат за најзгодни мажи во астрологијата.

Мажите родени во знакот на Стрелец не може да не ги забележите, тие се најчесто високи и спортски градени. Поради нивниот авантуристички дух и неверојатната позитивна енергија ќе ве освојат на прв поглед. Нивните приказни се интересни и необични, имаат силна смисла за хумор и тоа го прави уште попривлечни.

Иако многу сакаат да се забавуваат и да доживуваат нови авантури, Стрелците особено обрнуваат внимание на образованието и на усовршувањето вештини.

Голем број славни мажи се родени во овој знак, како на пример Бред Пит, Марк Рафало, Џејми Фокс, Брендан Фрејзер, Џеј Зи, Кирк Даглас, Кенет Брана и друг.

Коментирај