Мобилни

HTC најави мистериозен уред за 12 јануари

3. јануари 2017 - 11:33 | Д.П.

HTC најави настан за 12 јануари на кој треба да претстави засега мистериозен уред, а покрај овој модел голема е веројатноста дека ќе бидат претставени и уште два други смартфони.

Заедничкото кодно име за оваа линија е HTC Ocean, а според информациите, моделите се Master, Smart и Note.

International Business Times пишува дека станува збор за мала фамилија уреди на HTC за 2017 година. Според информациите Master претставува новиот врвен модел односно е наследник на HTC 10, Smart претставува поевтина верзија која може да одговара на Desire линијата, додека Note ќе биде фаблет.

Најавите се дека на пазарот, фаблетот ќе се појави под името Ultra, а уредот би требало да нема 3,5 милиметарски приклучок, туку слушалките ќе се поврзуваат преку USB Type-C порт. Екранот би требало да биде со 6 инчи, а овој модел треба да ја пополни празнината што ја остави Samsung Galaxy Note 7.

Една од опциите што може да бидат присутни на линијата HTC Ocean е отсуството на физички копчиња, а камерите би требало да бидат на нивото на Google Pixel.

Коментирај