Huawei ги претстави новиот лаптоп MateBook X Pro и хибридниот MateBook E

Huawei го претстави новиот лаптоп MateBook X Pro за 2022 година, како и новиот хибриден уред MateBook E.

MateBook X Pro доаѓа со процесори од 11-та генерација на U серијата, додека 12-та генерација MateBook ќе пристигне во текот на оваа година. Се одликува со поголем екран, па наместо 13,9-инчниот панел што го имаше неговиот претходник, новиот модел има 14,2-инчен дисплеј со резолуција од 3.120 x 2.080 пиксели. Лаптопот е потенок и има HD микрокамера. Овој екран поддржува повеќе од милијарда бои, додека стапката на освежување е 90 Hz. За оние кои сакаат екрани на допир, добрата вест е што екранот поддржува мултитач до 10 точки.

Кога станува збор за дизајнот, лаптопот има тројни отвори за проветрување, за разлика од едниот што го поседуваше минатогодишниот модел. Еден од нив е вграден во тастатурата, а Huawei вели дека благодарение на ова решение протокот на воздух низ уредот е зголемен за 60 проценти. Дополнителна „вентилација“ ќе биде многу потребна бидејќи MateBook X Pro има нов режим на изведба што се активира со кратенка на тастатурата што ги зголемува перформансите.

Remote video URL

MateBook X Pro има функција SuperCharge од 90 W која овозможува три часа користење на уредот по само 15 минути полнење. Пакетот вклучува мал полнач тежок само 180 грама, кој потсетува на полнач за паметни телефони.

Поврзувањето на телефонот со една од четирите USB-C порти дава полнење од 50 W. Huawei го подобри и звукот, па така новиот лаптоп има шест звучници и четири микрофони.

Ова се навистина големи промени, но некои работи останаа исти.

Huawei исто така претстави нов OLED хибриден компјутер. Станува збор за уред 2-во-1 наречен MateBook E, кој доаѓа со две опции за тастатура. Овој 12,6-инчен MateBook E тежи нешто повеќе од 700 грама и е дебел 7,99 милиметри. Се напојува со процесорот Intel Core од 11-та генерација со интегрирана Intel Iris X графика. Втората генерација на пенкало Huawei е компатибилна со овој хибриден уред. Ова е првпат пенкалото да е компатибилно со серијата MateBook и поддржува 4.096 нивоа на чувствителност на притисок и има време на одговор од 2 ms.

Магнетната тастатура овозможува прилагодување на екранот 2-во-1 за време на работата, додека новата периферна тастатура Glide носи уште еден USB-порт.

Во Европа, MateBook E ќе чини најмалку 649, а MateBook X Pro 1.899 евра.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе