Huawei Mate 20 X пристигнува со 7,2-инчен екран

На самиот крај од настанот на кој беа промовирани два нови смартфони – Mate 20 и Mate 20 Pro, Huawei приреди уште едно изненадување и го најави моделот Mate 20 X, кој доаѓа со најголемиот екран кој досега го имал еден телефон произведен од кинеската компанија.

Huawei Mate 20 X има екран со големина од 7,2 инчи, со што е најголем во линијата производи под името Mate, која содржи и три фаблети (хибрид од телефон и таблет). Поради огромниот екран, телефонот е опремен и со масивна батерија од 5.000 mAh, а тој може да се користи и со тач-пенкало.

Од компанијата потенцираа дека овој модел ќе биде совршен за гејминг поради големиот екран, но и поради современиот дизајн за полесно ладење комбиниран со „технологија на ладење базирана на графен“.

Mate 20 X доаѓа со процесор Kirin 980 SoC, кој ќе биде одлично заштитен поради новата технологија на ладење. Смартфонот има 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија.

Во склоп на гејминг компатибилноста на овој телефон, од Huawei најавија дека ќе биде произведен гејмпад кој ќе се прикачува на левата страна на уредот, а на него ќе има аналогна рачка и контролер за движење.

Цената на Huawei Mate 20 X ќе биде 899 долари и тој ќе биде пуштен во продажба на 26 октомври.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе