Мобилни

Huawei Mate 30 Pro ќе има вкупно седум камери

12. септември 2019 - 14:58 | А.С.

Технолошките блогери дојдоа до спецификациите за новиот смартфон на Huawei - Mate 30 Pro – и ги објавија онлајн.

Со оглед на тоа дека серијата Mate 30 нема дозвола за користење на апликациите и услугите на Google, првиот флегшип модел на Huawei што нема да биде поврзан со Google е обвиткан во мистерија.

Има гласини за необично позиционирање на камерите и за заоблени екрани, но конкретни спецификации немаше, сѐ досега.

Смартфонот ќе има 6,6 или 6,8-инчен FHD+ AMOLED Waterfall екран со резолуција од 2.400x1.176 пиксели и батерија од 4.000 mAh што ќе може да се полни и безжично.

Уредот ќе има USB-C порт, екранот ја обавува функцијата на звучникот за уво, а на дното ќе има моно звучник.

Назад ќе има четири камери, главна од 40 мегапиксели, камера со широк агол од 40 мегапиксели, телефото камера од 8 мегапиксели со 3X оптички зум и оптичка стабилизација, како и ToF сензор.

На предната страна има селфи камера од 32 мегапиксели, ултраширока камера и ToF сензор.

За безбедноста е задолжен системот Huawei Face id 2.0 што ќе биде побрз и посигурен, како и сензорите за следење на работата на срцето и дишењето.

Сензорот за отпечаток од прст е интегриран во екранот. Смартфонот ќе има 8 или 12 GB RAM, како и 128 или 512 GB внатрешна меморија.

Ќе користи HiSilicon Kirin 990 5G процесор и оперативен систем Android 10 со интерфејс EMUI10.0.

Huawei Mate 30 Pro ќе биде официјално претставен на 19 септември.

Коментирај