Компаниите во САД секоја година подготвуваат интересни реклами кои се емитуваат на паузата на нивниот најголем спортски настан - Супер боул, а Hyundai веќе ги објави своите видеа.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=LT6n1HcJOio]
Првата реклама е насловена The Chase и прикажува авантуристи кои ги напаѓаат мечки. Додека бегаат кон автомобилот, едниот од нив го користи својот паметен часовник за да го активира моторот на Hyundai Elantra, користејќи ја Blue Link Remote Start апликацијата.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=Ih4VYnbm6Sw]
Втората реклама е насловена Ryanville и прикажува две девојки кои се возат низ населба во која сите личат на актерот Рајан Рејнолдс. Тоа им го одвлекува вниманието, а несреќата ја спречува автоматскиот систем на сопирачки што се вградува во новата Elantra.