Јужнокорејскиот Hyundai продолжи со агресивната промоција на своето N одделение и на саемот на автомобили во Париз.
Hyundai во „Градот на светлината“ пристигна со новата варијанта на моделот i30 N, кој ја носи ознаката N Option.
N Option концептот претставува визија за идните N детали и како модел на Hyundai со високи перформанси би можел да еволуира во иднина.
Hyundai со N Option претстави 25 различни висококвалитетни ентериери и екстериери кои вклучуваат детали како јаглеродни влакна, кожни седишта и така натаму.
Овде се и 20-инчни алу фелни, единствена мат фарба, специјално направена за овој модел.
Од Hyundai не споменаа никакви промени во погонскиот дел од автомобилот, па се претпоставува дека е идентичен како во стандардната i30 N верзија.
Во прашање е 2.0 литарски четирицилиндарски турбобензинец кој располага со 270 коњски сили.