„I am an immigrant“: Модните икони со емотивно видео до Доналд Трамп
Во текот на Модната недела во Њујорк над 80 познати лица од модната индустрија направија видео за Доналд Трамп во кое изразуваат солидарност со имигрантите, порачувајќи дека и тие самите се имигранти.
Во видеото учествуваат модни дизајнери, модели, фотографи, стилисти и активисти како Адриана Лима, Вини Харлоу, Храбал Гурунг и други.