И дефинитивно крај: Volkswagen прекинува со производство на легендарната Буба

Volkswagen во јули 2019 година ќе прекине да го произведува легендарниот модел Буба.

Германската компанија порача дека производството ќе го заврши во нивната фабрика во Мексико, откако ќе ги произведат последните модели.

Легендарната Буба има свои корени во нацистичка Германија, кога е создаден „народен автомобил“, но овој модел набргу стана ѕвезда по успешните филмови на Disney, за автомобилот со име Herbie.

Пад на продажбата во последните неколку години

После неколку успешни децении, продажбата забележа пад во последните неколку години, посебно на клучниот американски пазар, бидејќи американските потрошувачи се повеќе се одлучуваат за поголеми автомобили.

Volkswagen, после скандалот во врска со емисијата на штетни гасови на дизел возилата и големата инвестиција во електричните возила, планира да го намали распонот на своите модели, односно својот фокус ќе го стават на производството на семејни и електрични автомобили.

Од компанијата истакнаа дека последните модели на Буба, ќе бидат достапни во купе и кабриолет верзии.

„Прекинувањето со производство на моделот Буба после три генерации, после речиси седум децении, сигурно ќе предизвика низа на емоции кај многу обожаватели на овој легендарен автомобил“, изјави Хинрих Вобекен, извршен директор на американската Volkswagen групација.

Првиот успех дури по Втората светска војна

Создавањето на моделот Буба се поврзува со периодот на нацизмот во Германија, кога таа беше замислена како возило за широките маси.

Но, откако Хитлер и Германија влегоа во крвава светска војна, производството застана, фабриката за производство беше сериозно оштетена, односно падна во рацете на сојузничките сили.

Производството конечно почна да дава резултати во доцните четириесетти години од минатиот век, а до 1955 година, на германските улици имаше милион автомобили.

Дизајнот на овој модел доби меѓународна слава во шеесеттите и седумдесеттите години, во филмовите со Herbie, тркачки автомобил кој мисли со својата глава.

Потоа производството на Буба беше неколку пати стопирано, па повторно оживеано во неколку ситуации после седумдесеттите години.

Редизајнираната Буба ја освои Америка

Редизајнираната „Нова Буба“ од деведесеттите години од минатиот век го освои американскиот пазар, односно тогаш беа продадени повеќе од 80.000 возила во текот на 1999 година.

Компанијата во последните години ја разгледуваше можноста за модернизација и електрични верзии, меѓутоа на крај се одлучија за конечно прекинување со производството на овој легендарен модел.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе