Интернет

И Facebook фаќа чекор - наскоро ќе има Dark Mode

24. октомври 2019 - 18:30 | А.С.

Facebook деновиве почна да воведува нов интерфејс за својата десктоп верезија која на корисниците им носи можност за избор на класичен или темен режим на прикажување.

При логирање на социјалната мрежа, на некои корисници на екраните им излегува поп-ап прозорец со прашање дали сакаат да го пробаат новиот дизајн на Facebook страницата - Facebook Beta.

Оние кои ќе одговорат позитивно ќе имаат можност да преминат на Dark Mode и да ги откријат евентуалните предности и маани на режимот.

Освен темниот режим, Facebook Beta би требало да нуди и попрегледно и поедноставно користење, од поголеми фонтови до поедноставена навигација.

Еден од новитетите е што Facebook сега ќе памти до каде сте стигнале со скролање навашиот News feed последниот пат кога сте го користеле.

Иако Facebook досега ги тестираше новитетите исклучиво преку корисниците регистрирани во САД, сега почна да ги користи и профилите ширум светот.

Коментирај