И Македонија е во опасност од африканската свинска чума

Белград, 21 февруари 2019 (МИА) – Појавата на африканска свинска чума во Бугарија, Унгарија и Романија оваа година претставува сериозна и директна закана за балканските земји, кои никогаш не биле изложени на таа болест, порачуваат од Организацијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО).

– Балканот никогаш не бил изложен на африканската свинска чума, што значи дека владите, фармерите и ловците имаат малку информации и техничко знаење за таа болест, изјави Даниела Манѓоне од ФАО.

Таа болест во последните години постепено се прошири, поради што е неопходно намалување на ризикот од упад на диви свињи, но и подобри подготовки за брзо откривање и контрола на африканската свинска чума во балканските земји, наведува ФАО.

За таа цел ФАО организираше четиридневна работилница во Белград, која заврши денеска, а на која учествуваа меѓународни експерти и претставници на ветеринарни и шумски агенции од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска, Унгарија и Романија, пренесува Танјуг. На собирот имаше и претставници на ловечки здруженија и невладини организации.

– Вирусот може брзо да се шири поради релативно густата популација на диви свињи. Поголема свест, подобра биолошка безбедност и подготвеност се од клучно значење за спречување на навлегувањето на оваа болест во регионот и минимизирање на нејзините негативни влијанија на животот во руралните подрачја, изјави Даниел Белтран-Алкрудо од ФАО.

Африканската свинска чума е вирусна хеморагиска болест, која убива и до 100 отсто од заразените животни, како домашни, така и диви свињи. Не претставува никаков ризик за човековото здравје, но има потенцијал да го уништи животот во руралните подрачја и да ја загрози безбедноста на храната и трговијата во погодените региони.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе