Фудбал
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

И по 4 години Суарес никако да го скрши малерот

18. септември 2019 - 15:20 | Ф.З.

Од 2015 година Уругваецот нема почувствувано како е да се постигне гол на гости во Лигата на шампиони.

Синоќа Барселона гостуваше во Дортмунд каде одигра без голови со Борусија, а дури и се спаси бидејќи домаќините промашија пенал и погодија пречка.

Најдобрата шанса за Барса ја имаше токму Луис Суарес кога во 48-мата минута се проби по левата страна и скоро од мртов агол ќе погодеше да не беше феноменалниот Роман Бирки.

Таа пропуштена шанса значи дека Уругваецот сега веќе 19-ти натпревар по ред нема постигнато гол на гостински терен во Лигата на шампшионите.

Последен пат се радуваше на гости на 16 септември 2015 кога во првото коло Барса гостуваше кај Рома на „Олимпико“, а Суарес донесе водство од 1:0. Потоа натпреварот заврши 1:1.

Прекин на црната серија за малку ќе се случеше минатата пролет на „Олд Трафорд“ кога Суарес постигна гол против Манчестер Јунајтед, но потоа УЕФА го класифицираше како автогол на Лук Шо.

Наредна прилика за гол на гости Суарес ќе има на 23 октомври кога Барса гостува во Прага кај Славија.

Коментирај