КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

И Португалија обезбеди пласман на ЕУРО

Седумнаесеттата земја која обезбеди учество на завршницата од Европското првенство е бранителот а тронот Португалија која ја оствари потребната победа над Луксембург и ја доби трката со Србија.

Група А

По изборениот пласман во четвртокот, Чесите си дозволија луксуз и загубија на гостувањето кај слабата Бугарија за која ова беше прва победа во квалификациите.

Бугарија - Чешка 1:0
56' Васил Божиков

Англија ја оствари седмата победа и тоа со четири гола во Приштина и со стил ги заврши квалификациите. Винкс и Маунт постигнаа деби голови во репрезентативниот дрес.

Косово - Англија 0:4
32' Хари Винкс, 79' Хари Кејн, 83' Маркус Рашфорд, 90'+1 Мејсон Маунт

Конечна табела:
1. Англија 21
2. Чешка 15

3. Косово 11
4. Бугарија 6
5. Црна Гора 3

Група Б

На Португалија ѝ беше потребна било каква победа за да ја добие битката со Србија, а тоа го оствари со головите на Фенандеш и Роналдо на „Жоси Бартел“ стадионот во Луксембург.

Луксембург - Португалија 0:2
39' Бруну Фернандеш, 86' Кристијано Роналдо

Србија мораше да ја совлада веќе пласираната Украина, но и да се надева дека Португалија нема да слави во Луксембург. Сепак, ништо од тоа не се оствари. Србите имаа водство сѐ до судиското надополнување кога Украинците постигнаа гол за реми.

Србија - Украина 2:2
9' (пен) Душан Тадиќ, 56' Александар Митровиќ - 32' Роман Јаремчук, 90'+3 Артем Беседин

Конечна табела:
1. Украина 20
2. Португалија 17

3. Србија 14
4. Луксембург 4
5. Литванија 1

Група Х

Со победа во Тирана, Франција го завери првото место во групата добивајќи ја битката со Турција со која има послаб сеѓусебен скор и тоа пораз и реми.

Албанија - Франција 0:2
9' Корентен Толисо, 30' Антоан Гризман

Со двата гола на младиот напаѓач Унал, Турција ја совлада Андора на гостински терен. Тоа се први голови за играчот на Ваљадолид во репрезентативниот дрес.

Андора - Турција 0:2
17', 21' Енес Унал

Исланѓаните забележаа пирова победа кај Молдавија бидејќи овој натпревар не решаваше ништо. Во 79-тата минута Сигурдсон не реализираше пенал за повисока победа.

Молдавија - Исланд 1:2
56' Николае Милинчеану - 17' Биркир Бјарнасон, 65' Гилфи Сигурдсон

Конечна табела:
1. Франција 25
2. Турција 23

3. Исланд 19
4. Албанија 13
5. Андора 4
6. Молдавија 3

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе