И птиците сакаат да се тркаат
На автопат во Холандија е направена неверојатна снимка од гулаб кој лета покрај автомобили, достигнувајќи брзина од 100 километри на час. Птицата без никакви проблеми лета покрај возилата, а според авторот на видеото, гулабот летал покрај неговото возило цели 20 километри.