Фудбал

Ибрахимовиќ: Јас сум како Индијана Џонс

17. февруари 2017 - 10:24 | Д.П.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ се спореди со Индијана Џонс. Причината за тоа се сите успеси што ги остварил во кариерата. Тој беше најзаслужен за триумфот над Сент Етјен во нокаут фазата на Лига Европа со 3-0.

„Давам се од себе. Секаде каде што играв, освојував титули и победував. Јас сум како Индијана Џонс“ - изјави Ибрахимовиќ.

Шведскиот репрезентативец за прв пат од доаѓањето во клубот од Олд Трафорд постигна хет-трик.

„Добро е чувството да се постигне првиот хет-трик за Манчестер Јунајтед. Најважно беше да обезбедиме добар резултат пред реваншот. Бевме океј, но мислам дека можеме многу подобро. Создадовме некои добри шанси, јас постигнав три гола што исто така е многу важно. Благодарен сум им на моите соиграчи“ - додаде Ибра.

Златан на 14 натпревари против Сент Етјен во кариерата, постигнал 17 голови, но вели дека му е најважно што екипата не примила гол. Тој се надева и на добар реванш и вели дека Сент Етјен имаат одлични навивачи кои му даваат голема поддршка на својот клуб.

Коментирај