Фудбал

Ибрахимовиќ: На снег сум викинг, на топло сум лав

17. октомври 2019 - 11:28 | Ф.З.

Од сончевиот Лос Анџелес на тимот на Ибра му претстои гостување во снежната Минесота. На сите тоа им е проблем, освен на Швеѓанецот.

Запрашан за тоа како ќе се справи со големите климатски промени на претстојното гостување во рамките на првото коло од плеј-офот за шампион на МЛС, Златан Ибрахимовиќ одговори во свој стил.

„Јас сум Швеѓанец, роден сум на снег. Кога паѓа снег се претворам во викинг. Ако е топло, тогаш сум лав. Ќе се атаптираме на било какви услови“, рече Ибра.

Лос Анџелес Галакси во понеделник рано утрината во 2.30 часот по македонско време игра против Минесота Јунајтед во градот Сент Пол во сојузната држава Минесота, која е на границата со Канада и каде климата е далеку постудена.

Коментирај