Идеја за посен ручек: Лажна сарма од лозов лист

Да се разбереме: листовите лоза не се лажни во овој рецепт. Финтата е што нема месо.

Сарма, мусака и турли тава се јадења со потекло од Отоманското Царство. Со текот на годините, овие јадења се етаблирале на балканските трпези и некои станале составен дел од традиционалната македонска кујна.

И додека сармите и други јадења се многу познати и секојдневни на трпезата и ден денес, има и такви традиционални јадења кои со текот на времето исчезнале, односно денес ретко се прават. Такво јадење е јалан долма.

Турците ова јадење го нарекуваат јаланги, што во превод значи „лажно“, затоа што не содржи месо.

Потребни состојки:

  • 40 листови винова лоза
  • 1 шолја ориз
  • магдонос
  • 2 кромида
  • ½ шолја свежо нане
  • 3 лажици масло
  • вода
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Во топла вода сварете ги лозовите лисја. На масло пропржете го оризот, додадете го кромидот и пржете додека не омекне. Додадете сечкан магдонос и нане, па прелијте со чаша вода. Откако ќе зоврие, исклучете, оставете на врела рингла за оризот да ја впие водата. Посолете и побиберете по желба. Изладете го филот и листовите, а потоа наполнете ги.

Околу филувањето, важно е во листовите да не се става поголема количина фил и да се завиткаат цврсто за да не пукнат и сармите да не се одмотаат. Потоа ставете ги во тенџере и оставете да зоврие, а веднаш потоа намалете на ниска температура. Гответе максимум 45 минути.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе