Пробајте го овој рецепт за вкусно пилешко со маслинки и бадеми.
Состојки:
20 гр. путер
Лажица маслиново масло
8 парчиња пилешки батак со карабатак
Свежа мајчина душичка
Помала главица кромид
Две чешниња лук
30 гр. бадеми
60 мл. бело вино
Пола литар супа во коцка
Маслинки
Начин на подготовка:
Во поголема тава загрејте путер и маслиново масло. Пилешкото зачинете го со сол и бибер по вкус, печете во тава за да кожичката биде крцкава од двете страни. Печете додека месото да добие златеста боја.
Намалете го огинот и додајте мајчина душичка, кромид, лук и малку сол. Динстувајте, мешајќи повремено, 3-4 минути. Додајте лук, динстувајте уште една минута па, додајте ги маслинките и бадемите.
Засилете го огинот и сипете бело вино, па промешајте. Сипете ја супата и оставете да врие.
Гответе додека сосот се згусне. Послужете со свеж магдонос.