Играч на Сао Паоло убиен на брутален начин

Сао Паоло, 29 октомври 2018 (МИА) – Офанзивниот халф на клубот Сао Паоло, Даниел Кореа Фреитас, кој важеше за еден од најперспективните фудбалери, е пронајден мртов во грмушки во градот Сао Жозе до Пињаис во бразилската сојузна држава Парана.

Според полицијата, тој бил убиен на „исклучително брутален начин“. Телото му било обезглавено, а неговите гениталии – отсечени. Се верува дека убиството било извршено во саботата вечер по локално време, а клубот ја потврди неговата смрт денеска.

Засега не е познат сторителот на ова сурово дело и неговите мотиви.

Инаку, телото на Фреитас било пронајдено во оддалечен дел од градот, каде што локалното население често наоѓало трупови. Тој бил убиен на улица и бил влечен околу 30 метри до грмушките.

„Сао Паоло жали за смртта на својот фудбалер Даниел Кореа Фреитас. Клубот сочувствува со неговите најблиски за нивната трагична загуба и им упатува најискрено и длабоко сочувство“, објави клубот на Twitter.

Даниел Фреитас, кој имаше 24 години, беше дел од Сао Паоло од 2015 година, при што ги помина претходните две сезони како позајмен играч. Во текот на оваа сезона тој се врати во бразилскиот гигант.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе