Фудбал

Играчите на Јувентус со највисоки плати во Серија А

10. септември 2019 - 16:24 | А.С.

На листата најплатени играчи во италијанската Серија А доминираат фудбалери на Јувентус – од првите 11 дури 10 се од редовите на „Старата дама“.

Највисока плата има Кристијано Роналдо – годишно заработува 31 милион евра, а далеку зад него на второ место е Матајс де Лихт со 8 милиони чиста заработка и 4 милиони во бонуси.

Третопласиран е единствениот меѓу првите 11 најплатени кој не игра за Јуве: Ромелу Лукаку со фиксна плата од 7,5 милиони евра и бонуси од 1,5 милион.

Најплатени играчи во Серија А:

Јувентус троши вкупно 294 милиони евра само за плати за играчите, а Интер е на второ место со 139 милиони. На трето место е Рома со 125 милиони евра издвоени за плати.

Трошокот на клубовите од Серија А за плати изгледа вака:

1. Јувентус 294 милиони евра

2. Интер 139

3. Рома 125

4. Милан 115

5. Наполи 103

6. Лацио 72

7. Торино 54

8. Фиорентина 50

9. Каљари 44

10. Болоња 41

11. Џеноа 40

12. Сампдорија 36

13. Аталанта 36

14. Сасуоло 35

15. Лече 32

16. Парма 31

17. СПАЛ 30

18. Удинезе 30

19. Бреша 28

20. Верона 25 милиони евра.

Коментирај