Играчите на Сити му пееја на Јунајтед: Паркирај го автобусот
Откако ја забележаа 16-тата победа по ред во Премиер лигата против Тотенхем, играчите на Манчестер Сити се опуштија и преку песна му порачаа на нивниот градски ривал што да прави.
На Instagram профилот на Бенџамин Менди е објавено видео во кое играчите на Манчестер Сити во соблекувалната по мечот против Тотенхем (4:1) пееја „Паркирај го автобусот“ што очигледно беше упатено кон нивниот градски ривал, Манчестер Јунајтед.
Со ова играчите на Сити го исмеваа начинот на кој игра Манчестер Јунајтед, кој многу често сезонава е напаѓан поради дефанзивната игра која ја преферира нивниот стратег Жозе Мурињо.