Играњето ВР игрици може да ја намали болката кај пациентите со рак

Новото истражување покажа дека ВР технологијата може да ја ублажи болката кај пациентите со рак. Играњето игрици, како и истражувањето на тивките средини со помош на дигитални слушалки, им помогнало на пациентите да ги ублажат симптомите на болеста што ја имаат.

Д-р Вилиам МекГи од Белфаст тврди дека „ВР интервенциите се ефикасни во намалувањето на болката и стресот, особено кај луѓето со рак“.

„Како што ВР системите стануваат прогресивно сѐ подостапни, интервенциите со ВР можат да понудат поповолни третмани од конвенционалните“, според д-р МекГи.

Само во Обединетото Кралство 3 милиони луѓе боледуваат од рак, а една таква дијагноза во просек се поставува на секои 90 секунди.

Најмногу болка предизвикуваат туморите кои вршат притисок врз коските, нервите и органите во телото, но и третманите како радиотерапија може да резултираат со остра болка, а на многу пациенти им се препишува морфин за да се справат со агонијата.

Претходните истражувања покажаа дека виртуелната реалност, виртуелната симулација која ги следи движењата на главата, така што лицето се чувствува како да е во нова средина, може да се користи за смирување на децата во болниците.

Најновото истражување анализирало како технологијата може да се користи за лекување на болка. Истражувачите анализирале 31 различна студија за да го видат влијанието на ВР технологијата врз болката кај луѓето кои страдаат од рак, деменција, кардиоваскуларни болести, мултиплекс склероза и бубрежни заболувања. Просечната возраст на пациентите била 51 година, а ВР сесиите траеле околу 20 минути. Пациентите имале сесии од еднаш на секои две недели до секојдневно, пет дена во неделата во период од две недели. Некои сесии вклучувале релаксирачки, природни средини, додека други вклучувале пациенти кои играле игрици. Оние кои практикувале ВР сесии доживеале значително олеснување на болката, особено заболените со рак.

„Имерзивната ВР технологија може да понуди нефармаколошка интервенција која лекарите, негувателите и пациентите ја сметаат за прифатлива“, заклучи д-р МекГи.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе