Играта инспирирана од опсадата на Сараево се продаде во 4,5 милиони примероци

Стратешката игра This War of Mine на 11 Bit Studios го премина прагот од 4,5 милиони продадени примероци откако беше лансирана на пазарот во 2014 година. Најмногу примероци од оваа игра се продадени во САД.

Играта е компатибилна со PC, PlayStation 4, Nintendo Switch, Xbox One, iOS и Android.

This War of Mine е за група цивили кои се борат во опколениот град за време на војната. Инспирирана е од опсадата на Сараево што траеше од 1992 до 1995 година.

Главната цел во играта е да се преживее војната со алатите и материјалите кои играчот може да ги стекне со ликот со кој управува. Играчот мора да води грижа за потребите на сите ликови за да функционираат најдобро што може, така што може да прави алати, средства за спасување, да готви храна...

Играта освои повеќе од 100 награди откако беше лансирана пред 5 години, вклучувајќи ја и наградата на Independent Games Festival, наградата Games For Change и SXSW Cultural Innovation Award.

Сите приходи од продажбата на играта се насочуваат кон непрофитната организација War Child за помош на деца кои живеат во воени подрачја како Авганистан, Ирак, Демократска Република Конго и Јемен, а 11 Bit Studios досега има донирано повеќе од 500.000 долари на оваа организација.

11 Bit Studios минатата недела издаде нова самостојна експанзија насловена This War of Mine: Stories — Father’s Promise на iOS и на Android.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе