ИК на ВМРО-ДПМНЕ му даде легитимитет на Груевски да формира Влада

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде полн легитимитет на Претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата Влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси, беше синоќа соопштено од партијата по одржувањето на седница на ИК.

На седницата со која раководеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се анализираа повеќе актуелни теми и случувања. Централна тема беше претстојниот процес на формирање Влада при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број на гласовите од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата РЕАЛНО и проектите предвидени во неа.

„Во анализата на изборните резултати, беше заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија чие раководство функционира според мафијашки принципи.
Беше посочено дека е потребна политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори освои 51 пратеничко место, СДСМ 49, ДУИ 10, Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе