Продолжува борбата на каталонскиот народ за слобода. Вчера, на прославата на националниот празник на Каталонија, илјадници ги преплавија улиците низ каталонските градови барајќи слобода и независност.
Каталонците прв пат по почнувањето на пандемијата од COVID-19 излегоа на улиците и побараа светот да ги забележи, по којзнае кој пат.
Околу 110 илјади демонстранти, со знамиња и пораки за слобода маршираа низ улиците на Барселона извикувајќи пароли за слобода од шпанската окупација.
На 11 септември каталонскиот народ го одбележува денот кога во 1714 година градот Барселона бил освоен од Шпанија и оттогаш овој народ сонува за својата независна држава.
Шпанската држава не им дозволува на Каталонците да одржат рефендум за независност бидејќи резултатите од таков референдум се јасни - ќе биде изгласана независност. Во 2017 година каталонските лидери одржаа таков референдум без согласност на шпанската власт, која на секој начин се обиде и да го спречи преку заплашувања и полициска бруталност. На крајот организаторите завршија зад решетки.
Борбата на Каталонците, чија судбина е многу слична на онаа на Баскијците, Шкотите, Палестинците, Македонците и Курдите, и натаму продолжува.