Илјадници унгарски и руски профили на Twitter реактивирани како турски

Макфакс
/ 18.04.2023 / 15:23

Илјадници профили на Twitter отворени на руски или на унгарски јазик повторно се активирани како турски корисници неколку недели пред изборите во Турција на 14 мај, што ја зголемува можноста за мешање во изборите преку социјалните мрежи, пренесува Middle East Eye.

Иако само една четвртина од населението во Турција користи Twitter, оваа социјална мрежа е важен засилувач што може да влијае на дебатата пред изборите.

Ахмет Туран Хан, генерален директор на компанијата за политички консултации и истражување Datailor, вели дека откриле мрежа на корисници на Twitter – најверојатно ботови – кои неодамна го промениле својот идентитет.

„Околу 12.000 профили на Twitter на руски и унгарски јазик беа активирани како турски и сега ги следат сите политички партии и лидери. Најмалку 10.000 од нив се активирани во последните две недели“, вели Хан.

Хан истакна дека 56% од овие профили во минатото споделувале содржина на руски јазик, 28 % на унгарски, а преостанатите споделувале содржина на англиски.

„Веруваме дека унгарските профили биле користени пред унгарските избори минатата година“, рече тој.

Турскиот Twitter е особено подложен на тролање и ширење лажни вести бидејќи најголемите политички партии – и владејачките и опозициските – ја туркаат својата агенда преку т.н. бот-профили.

Претходните истражувања спроведени во 2021 година покажаа дека од 30 до 50 отсто од трендовските теми во Турција се лажни и се главно поттикнати со употреба на ботови.

Во 2020 година Twitter затвори околу 7.340 профили во Турција тврдејќи дека тие се „информативни операции поврзани со државата“.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе