Датуми и трејлери

IMDb: Најочекуваните филмови за 2020 година

IMDb објави листа од десетте најочекувани филмови за 2020 година. Топ листата е во знакот на спин-оф продолженијата.

10. „Fast & Furious 9 - премиера на 22 мај 2020

Ново продолжение ќе покаже дали и како „расколот“ во актерската екипа ќе влијае на квалитетот на, всушност десеттиот филм од серијалот.

9. „The King’s Man“ - 18 септември

Приказната во третиот филм од серијалот „Kingsman“ е сместена еден век во минатото. И, овојпат, наместо Колин Фирт, во главната улога е Ралф Фајнс.

8. „Dune“ - 18 декември

Преработка на класичната научна фантастика од 1984 година, а заснована на романот на Френк Херберт од 1965 година.

7. „Wonder Woman 1984“ - 5 јуни

Режисерката Пети Џенкинс и Гал Гадот се враќаат со нова соработка, претпродолжение на хитот од лани.

6. „Mulan“ - 27 март

Филмска преработка на цртаниот филм од 90-тите, по хитовите „The Lion King“, „Aladdin“ и „Lady and the Tramp“ кои ги видовме во 2019 година.

5. „Black Widow“ - 1 мај

Спин-оф продолжение на хит-серијалот „Avengers“, чиешто последно продолжение заработи милијарда долари.

4. „No Time to Die” - 2 април 

Џејмс Бонд се враќа во 25-тиот филм, со Даниел Крег во главната улога.

3. „Top Gun: Maverick“ - 26 јуни

 

Вториот дел од хит-филмот со Том Круз во главната улога од пред 34 години ќе го видиме на 26 јуни.

2. „Sonic the Hedgehog“ - 14 февруари

Уште една филмувана верзија на познат цртан лик, филмот е хибрид со анимирани ликови и реални актери.

1. „Birds of Prey and the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn“ - 7 февруари

Уште еден суперхеројски филм. Ликот на Харли Квин од „Suicide Squad“ е водечки во новиот филм, во кој главната улога ја толкува Марго Роби.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе