Импресивниот 911 Big Sur е новиот рестомод на Singer

Singer преку социјалните мрежи го откри изгледот на својата најнова креација.

Станува збор за моделот Big Sur, чиј секој дел е елегантен и префинет исто како што би се очекувало од познатиот тјунер на автомобилите на Porsche.

Big Sur е обоен во Horizon сина боја и има Singer Racing портокалови линии, а оваа комбинација на бои му оддава почит на големиот спонзор на Porsche, Gulf Oil. Спонзорската „облека“ е видена на легендарните тркачки автомобили од 1960-тите и 1970-тите години, а најмногу се поврзува со Porsche 917k.

Horizon сината боја е присутна и во внатрешноста, вклучувајќи го централниот гребен и праговите. Купувачот нарачал спортски седишта со електронско подесување, а обложени се со ткаена кожа во боја на коњак, додека задниот дел од потпирачот е црн. Задните седишта се обложени со иста кожа како и панелите на вратите.

Автомобилот е придвижуван од 4,0-литарскиот мотор на Singer, кој е модифицирана верзија на 3,8-литарскиот мотор Cosworth што го нуди и Singer. Развиен од Ed Pink Racing, испорачува 390 КС и 427 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на задните тркала преку 5-степен мануелен менувач подготвен од компанијата Getrag Together.

За забрзување од 0 до 100 km/h потребни му се 3,3 секунди.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе