Индија со 700.000 случаи стана третата најпогодена земја во светот со COVID-19

Индија го презеде од Русија третото место на најпогодена земја во светот со COVID-19, со речиси 700.000 случаи на инфекција, покажуваат најновите податоци, а епидемијата во таа земја не покажува знаци на забавување.

Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 23.000 нови случаи на заразени, што е нешто помалку од рекордните 25.000 новозаразени, регистрирани вчера.

Во Индија досега почина 20.000 луѓе од првиот случај на инфекција, кој е регистриран во јануари.

Таа земја сега го зазема неславното трето место на најпогодените земји во светот, зад САД и Бразил.

Бројот на случаи во Индија е осум пати поголем од оној регистриран од Кина, која има сличен број на население и каде вирусот се појави кон крајот на минатата година.

Властите денеска информираа дека ја повлекуваат одлуката за отворање на најпознатата туристичка атракција Таџ Махал, со оглед на зголемениот број заразени во тоа подрачје.

Агра, градот во кој се наоѓа Таџ Махал, сè уште е најсериозно погоден град од коронавирусот во најнаселената сојузна држава Утар Прадеш.

– Отворањето на овие споменици може да го забрза ширењето на COVID-19, се вели во соопштението на локалната општина.

Заштитените споменици првично се очекуваше за јавноста да бидат отворени на 6 јули.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе