Индиски научници ги отфрлија теориите на Ајнштајн и тврдат дека древните индуси ги измислиле авионите

Индиски научници повторно тврдат дека тие ги измислиле авионите и истражувањето на матични клетки, а доказите за тоа ги наоѓаат во епови. Тие ја вознемирија јавноста со тврдењето дека теориите на Алберт Ајнштајн и Исак Њутон не се точни.

Одделни индиски академци се појавија на годишниот Индиски научен конгрес кој го отвори премиертот на Нарендра Моди, и ги отфрлија општо прифатените научни откритија, инсистирајќи дека древните индуси го откриле истражувањето со матични клетки.

Хиндуистичката митологија и религиозни теории сè повеќе стануваат дел од дневниот ред на Индискиот научен конгрес. Но овогодинешните изјави на научниците се повеќе од вџашувачки, дури и во споредба со претходните. Директор на јужноиндиски Универзитет цитираше став хиндуистички текст како доказ дека истражувањето со матични клетки било откриено во Индија пред неколку илјада години.

Демони и летала

Ѓи Нагишар Рао потпретседател на Универзитетот Андра, изјави дека демонскиот крал од хиндуистичкиот еп Рамајана имал 24 различни летала и повеќе писти за слетување во денешна Шри Ланка.

Друг научник од Универзитет во јужната држава Тамил Наду, кој зборуваше на конференцијата изјави дека Исак Њутн и Алберт Ајнштајн погрешиле и дека брановите треба да се применуваат во „Нарендра Моди бранови“.

Докторот Кеј Џеј Кришна изјави дека Њутн  не ја разбирал силата на гравитација, а теориите на Анштајн се само привид.

Критичарите велат дека древните текстови треба да се читаат и во нив да се ужива, но е бесмислено да се тврди дека претставуваат научни откритија. Здружението на индискиот научен конгрес изрази „сериозна загриженост“ поради критиките.

„Ние не ги споделуваме нивните ставови и се оградуваме од нивните коментари. Тоа е навистина тажно, изјави Применду Пи Матур“, генерален секретар на Здружението на научниот конгрес на Индија

„Сериозно сме загрижени поради таквите изјави кои се дадени од одговорни луѓе“, велат критичарите..

Авиони во епови

Минатата година индискиот министер за образование Садиапал Синг изјави дека авионите првпат биле спомнати во древниот хиндуистички еп Рамајани. Тој исто така рече дека првиот авион го измислил Индиецот Шивакар Бабузи Салбади, осум години пред браќата Рајт.

Премиерот Моди во 2014 на собир на лекари и медицински персонал во болница во Мумбај изјави дека приказната за хиндуистичкиот бог Ганеши – олицетворен во глава на слон на човеково тело – покажува дека естетската хирургија постоела и во древна индија.

Минисерот за образование на западната држава Раџастан изјави во јануари 2017 година дека е важно „да го разбереме научното значење“ кое го има кравата, бидејќи таа била единственото животно во светот кое вдишува и издишува кислород.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Наука

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more

Voyager 1 е надвор од Сончевиот Систем, со месеци испраќа чудни податоци

Read more
 

Гик

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе

WhatsApp добива AI chatbot

Читај повеќе

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Читај повеќе

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Читај повеќе
  • play_arrow

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Читај повеќе