Наука

Индиско вселенско летало стигна до Месечината, ќе слета на 7 септември

20. август 2019 - 9:11 | Б.С.Б.

Индиското летало Chandrayaan-2 успешно влезе во орбитата на Месечината со што е постигнат уште еден голем чекор кон крајната цел, спуштање ровер на неистражениот јужен пол на Месечината.

Леталото ќе лета околу Месечината до 7 септември кога ќе се обиде да изврши меко слетување. Ако успее, ова ќе биде голем успех на Индија со што ќе стане четврта нација која успешно ја освоила Месечината, по САД, Русија и Кина.

Специфичното време на местење за слетување во орбитата бара прецизно забавување на леталото. Ако брзината е значително поголема леталото би се урнало бидејќи нема да може да ја совлада гравитацијата на Месечината.

Токму затоа научниците и инженерите од Индиската вселенска програма (ISRO) мораа да го вложат нивното знаење и умешност за мисијата да заврши успешно.

Коментирај