Иницијативата за нов референдум за името оценета за уредна и од Законодавно-правна комисија

Скопје, 14 јануари 2019 (МИА) – Иницијативата за собирање потписи за дополнителен референдум во врска со името чиј овластен поднесувач е лидерот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров денеска помина и во собраниската Законодавно-правна комисија.

Како уредна иницијативата ја оценија седум пратеници, ниту еден не беше „против“, а еден не гласаше.

Претходно, иницијативата како уредна ја оцени и матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Граѓанската иницијатива за собирање на потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија, на 179 граѓани, доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров е уредна, бидејќи е во согласност со членовите 66 и 70 од Законот за референдум“, гласеше одлуката на Законодавно-правната комисија која ја прочита пратеничката Соња Мираковска од НСДП.

Таа претходно изнесе неколку забелешки во однос на начинот на кој е доставено барањето, меѓу кои и напомената дека со ова барање се прејудицира настан. Таа појасни дека на 9 јануари се поднесува барањето за дополнителен референдум за одлука која во Собранието е донесена на 11 јануари. Сепак, напомена дека барањето формално ги исполнува условите, односно најмалку 100 граѓани поднесуваат барање за собирање потписи за распишување референдум на ниво на целата територија на државата.

„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“ е прашањето кое, како што појасни Петров на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, би било поставено на референдумот што би се одржал доколку се соберат потребните 150 илјади потписи.

Откако граѓанската иницијатива доби мислење за уредност од двете комисии, тие треба да поднесат извештај до претседателот на Собранието Талат Џафери, а тој потоа би требало преку премиерот да ја достави до ДИК.

Петров, како што претходно посочи, доколку се тече според процедурите, потписите би требало да се собираат од 15 февруари до 15 мај.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Read more
 

Вести

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе