Институтот за трансфузиона медицина со реновирани простории и нови возила

Скопје, 14 септември 2019 (МИА) – Институтот за трансфузиона медицина доби реновирани простории, а инсталирана е и современа апаратура. Реновиран е одделот за продукција, просториите за процесирање на дарувана крв, чување на свежо смрзната плазма, интермедиерниот простор, како и една просторија која била неупотребена, а сега е пренаменета во просторија за брзо смрзнување плазма.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска заедно со вицепремиерот Бујар Османи и заменик-министер за здравство Асим Муса, беше во посета на Институтот, најави дека и во следниот период продолжува подобрувањето на условите во здравствените установи.

– Институтот за трансфузиона медицина е позитивен пример за работа на јавна здравствена установа. Реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки, изјави Филипче.

Реновирањето и адапатацијата се извршени во периодот од јули 2018 до април 2019 година. Воведени се стандарди за квалитет, а условите за работа се соодветни на ЕУ стандардите и препораките.

– Во наредниот период следува реновирање и адаптирање на посторните услови во Битола. Грижата за здравјето и удобноста на пациентите е примарна одговорност во областа на медицината и со сите расположливи средства и капацитети кон тоа се стремиме, изјави директорот на Институтот за трансфузиона медицина Седула Усеини.

Во февруари годинава биле обезбедени фрижидери за чување на крвни продукти и тоа 12 фрижидери на +4 степени целзиусови за чување на еритроцитен концентрат, 10 фрижидери на -30 степени целзиусови за чување на плазма и три фрижидери на -80 степени целзиусови за брзо смрзнување на плазма.

Институтот за трансфузиона медицина во Скопје е најголема трансфузиолошка единица во установата и располага со најголеми резерви на крвни компоненти кои бараат соодветни услови за чување обезбедени преку апарати приклучени на електрична енергија.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more
 

Вести

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе