По првиот, објавен е нов интензивен трејлер, за „Inferno“, третиот филм во франшизата за Роберт Ленгдон, ликот од популарните книги на Ден Браун.
Третиот трилер во франшизата, како и „The Da Vinci Code“ и „Angels & Demons“, е во режија на Рон Хауард. Покрај Том Хенкс, кој се враќа во главната улога, во откривање на новата мистерија ќе помогне докторната Сиена Брукс, портретирана од Фелисити Џонс.
Според синопсисот, во „Inferno“ добропознатиот симболист Роберт Ленгдон е на траги што водат до фамозниот Данте Алигиери. Ленгдон ќе се разбуди во италијанска болница со амнезија и заедно со докторката Сиена Брукс (Фелисити Џонс), која ќе му помага да ја поврати меморијата, ќе тргнат на мисија низ Европа за да го спасат светот.
Премиерата е закажана за на 28 октомври. Погледнете го новиот трејлер: