ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Интер и Ајакс сами се елиминираа, Лајпциг и Валенсија први во група

Со порази дома екипите на Интер и Ајакс ги завршија настапите во Лигата на шампионите каде пак во своите групи изненадија Лајпциг и Валенсија кои во осминафиналето патуваат како првопласирани.

Група Е

Бранителот Ливерпул за неполни две минути го реши победникот во Салцбург каде домашниот тим имаше шанси, но не успеа ниту еднаш да ја затресе гостинската мрежа. Гостувањето во Австрија за „Црвените“ можеше да значи елиминација при евентуален неуспех, но на крајот Ливерпул сепак заврши прв во групата.

Салцбург - Ливерпул 0:2
57' Наби Кеита, 58' Мохамед Салах

 

 

Наполи конечно блесна кога најмногу беше потребно. Се разбуди и Полјакот Милик кој со хет-трик уште во првото полувреме ги реши Белгијците. „Партенопеите“ уште еднаш се изборија за учество во нокаут-фазата.

Наполи - Генк 4:0
3', 26', 38' (пен) Аркадиуш Милик, 75' (пен) Дрис Мертенс

 

 

Конечна табела:
1. Ливерпул 13
2. Наполи 12

3. Салцбург 7
4. Генк 1

Група Ф

Борусија се намачи со прашка Славија, но сепак ја оствари потребната победа, а на крајот и славеше пласман бидејќи Барса победи кај Интер.

Борусија - Славија 2:1
10' Џејдон Санчо, 61' Јулијан Брант - 43' Томаш Соучек
Црвен картон: 77' Јулијан Вајгл

 

 

Интер мораше да ја победи Барселона за да стигне до второто место, но подмладениот состав на гостите беше желен за докажување и направи многу проблеми по составот на Антонио Конте. Уште при првата шанса Перес го замолкна преполниот „Меаца“, а пред паузата Лукаку ја врати надежта на домашните. Интер се изнапромаши, три гола беа и оправдано поништувани поради офсајд, а студен туш стигна на 4 минути пред крајот кога нововлезениот Фати при првиот контакт со топката постигна гол. Исто како лани и оваа сезона Интер сам си ја решаваше судбината, но остави противникот да му ја скрои.

Интер - Барселона 1:2
44' Ромелу Лукаку - 23' Парлес Перес, 86' Ансуман Фати

 

 

Конечна табела:
1. Барселона 14
2. Борусија 10

3. Интер 7
4. Славија 2

Група Г

Икао без шанси за пласман, екипата на Бенфика одигра фуриозно второ полувреме и го реши руски Зенит. Со тоа, Португалците се изборија за настап во Лига Европа.

Бенфика - Зенит 3:0
47' Франко Серви, 58' (пен) Пици, 78' (аг) Сардар Азмун

 

 

Лајпциг доби два пенала во Лион и за малку не победи бидејќи Депај при крајот спаси бод за домаќините и обезбеди осминафинале.

Лион - Лајпциг 2:2
50' Хусем Ауар, 82' Мемфис Депај - 9' (пен) Емил Фошбериј, 33' (пен) Тимо Вернер

 

 

Конечна табела:
1. Лајпциг 11
2. Лион 8

3. Бенфика 7
4. Зенит 7

Група Х

Минатогодишниот полуфиналист Ајакс оваа година ги заврши настапите уште во групната фаза откако загуби дома од Валенсија. На Холанѓаните им одговараше и бод, но очигледно летната распродажба се одрази драстично на резултатите оваа сезона.

Ајакс - Валенсија 0:1
24' Родриго
Црвен картон: 90'+3 Габриел

 

 

Челси ја запиша потребната победа и се пласираше во осминафиналето иако од момците на Френк Лампард се очекуваше прво место во групата.

Челси - Лил 2:1
19' Теми Ејбрахам, 35' Сесар Аспиликуета - 78' Лоик Реми

 

 

Конечна табела:
1. Валенсија 11
2. Челси 11

3. Ајакс 10
4. Лил 1

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе