Фудбал

Интер не се откажува од Матиќ

10. октомври 2019 - 18:12 | МИА

Интер нема намера да се откаже од идејата за привлекување на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Немања Матиќ за време на јануарскиот преоден рок, тврди Goal.com.

Тренерот на тимот од Милано, Антонио Конте, по секоја цена го посакува српскиот репрезентативец на „Меаца“ и е убеден дека со неговите квалитети екипата ќе може да се бори против Јувентус за титулата во Серија А.

Искусниот 31-годишен халф во моментов ја грее клупата под раководство на Оле Гунар Солскјер и тврди дека сака да го напушти клубот што е можно порано.

Неговиот договор е до крајот на сезоната и тој ќе има право да преговара со кој било тим од зимата за прелиминарен договор.

Сепак, идејата на Интер е да го привлече од јануари, а за неговите права ќе му плати симболична сума на Јунајтед.

Коментирај