Луѓето во Мајами видоа интересна појава на небото која изгледа како некаков голем вселенски брод кој влегува во атмосверата на Земјата. Видеото го снимиле вработените на аеродромот во Мајами.
Иако појавата изгледа како „напад на вонземјани“, сепак тоа е трагата од Atlas V ракетата која минатиот месец беше лансирана од базата Кејп Канаверал.
Ракетата во орбитата на Земјата треба да однесе сателит на американската морнарица.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=9stPShixizc]