Иако на официјалните страници на Европската комисија засега не е објавено никакво соопштение, многу интернет извори, па така и таборот на Google, наведуваат дека интернет џиновите поради свои одредени работни налози се под истрага на Европската Унија.
Три компании кои на Комисијата и се пожалиле се Foundem, ejustice.fr и Ciao! from bing. Од трите споменати компании, две имаат директна врска со Microsoft, така што слободно може да се каже дека тужбите на адреса на Google ги адресирал токму Microsoft.
Како што наведуваат самите претставници на Google во написот на својот официјален блог компанијата е под истрага поради тврдењето дека ги „мести“ резултатите од пребарувањата и ја гуши конкуренцијата. Секако дека компанијата ги отфрла овие тврдења и истакнува дека во своето работење никогаш не се служи со вакви „сместувања“.
Поразлична приказна имаат во таборот на Foundem, чиј основач Адам Раф наведува дека Google се служи со тактиката на заплашување на конкуренцијата, отстранувајќи ја или лошо рангирајќи ја во своите резултати од пребарувањата.
Сeга, ЕУ е на потег.
Б.И. | Кајгана