Microsoft започна интересно натпреварување со кое победникот ќе добие шанса неговата фотка да биде на насловната страна на веб пребарувачот Bing.

На почетокот на минатиот месец Microsoft на интернет корисниците им ја понуди најновата верзија на својот веб пребарувач. Microsoft Bing веднаш привлече солиден број на корисници, а според податоците од средината на минатиот месец, за само две недели Bing успеал да „грабне“ 12.1% од уделот на пазарот. Сега, Microsoft започнува со едно интересно натпреварување кое на фото-ентузијастите и професионалците им овозможува баш нивната фотографија да биде на почетната страница на Bing.
Bing Photo Contest е сместен на социјалната мрежа Facebook и во него може да се вклучат сите заинтересирани. Сосема очекувано, натпреварувањето содржи одредени правила кои при праќањето фотографии треба да се почитуваат, а можете да ги прочитате тука.
Корисниците кои посакуваат да се вклучат во натпреварот своите фотографии може да ги праќаат до 16. јули, по што ќе се одбере најдобрата од нив, која на 3. август ќе се најде на насловната страна на Bing.