Датум, спецификации, новитети...

iPhone 8: Што знаеме до сега?

Иднината на Apple може драстично да се смени по датумот кога ќе биде лансиран iPhone 8, а не е тајна дека нивниот развоен тим е под притисок iPhone 8 да не, океј, да не биде толку тапа како iPhone 7.

Во моментов циркулираат куп гласини за датумот на лансирање, спецификациите, новитетите и дизајнот, па решивме да ги стокмиме најдобрите. Пред да продолжите да читате, битно е да се напомене дека ова се уште само гласини. Иако се популарни гласини кои се поткрепени со нешто повеќе од шпекулации, сепак се само гласини.

Датум на лансирање на iPhone 8

Уште од лансирањето на iPhone 5 (со исклучок на SE), Аpple го објавува секој iPhone во септември и тоа по обичај во првата или втората седмица од септември, па очекувајте работите да останат исти и за iPhone 8.

Се разбира, можно е Apple да не издрибла сите и едноставно да лансира некоја помалку одвратна верзија на iPhone 7 и да го чува iPhone 8 за лансирање во 2018. Но, за среќа, кога ќе се земе во обзир падот на продажбата и лошиот публицитет, ни се чини малку веројатно дека би лансирале повторно уред базиран на iPhone 7.

Дизајн на iPhone 8

Се очекува дека уредот ќе добие сериозна надградба на дизајнот, бидејќи дизајнерите добија многу хејт затоа што го задржаа истиот дизајн во последните три модели.

Засега, шпекулациите укажуваат на масивни промени кои ќе следат во дизајнот на iPhone 8, вклучувајќи и враќање кон целосно стаклено куќиште, како во деновите на iPhone 4. И пред да ги фати паника сите несмасни поради идејата за целосно стаклено куќиште, треба да разберат дека цврстото Gorilla Glass стакло од новата генерација е уште поцврсто, па целосно стаклениот дизајн сега е поизводлив од било кога.

Исто така, на големо се вртат муабети дека дисплејот ќе биде заоблен на рабовите и најверојатно ќе ги интегрира Home копчето, touch ID и предната камера во самиот дисплеј.

Спецификации и карактеристики на iPhone 8

Кога iPhone 7 се појави со стандарден и неверојатно застарен LCD дисплеј, критичарите и корисниците беа шокирани. AMOLED е стандардот во индустријата во ова време, а пркосниот потег на Apple да остане со нивниот застарен дисплеј беше фрустрирачки. Бидет спокојни, луѓето во Apple веќе знаат дека iPhone 8 треба да има компетитивни карактеристики за да го врати легендарниот смартфон во центарот на вниманието.

Доколку шпекулациите се вистина, iPhone 8 ќе има OLED или дури и AMOLED дисплеј.

Една од најголемите гласини е големината на дисплејот на iPhone 8, а се шпекулира дека освен 4,7 и 5,5 инчните дисплеи, iPhone 8 ќе се добие 5,8 инчен дисплеј.

Се очекува iPhone 8 да добие нов А11 процесор кој ќе го направи новиот iPhone повторно најбрз смартфон на светот.

И, конечно се очекува да добие и безжично полнење.

Камерата на iPhone 8

Се очекува задната камера да добие сензор од 14MP, a предната камера да биде интегрирана во самиот дисплеј.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе