Иран му одговори на Трамп: Сте собориле ваш дрон, наш сигурно не

Заменик-министерот за надвореши работи на Иран Абас Аракчи ја демантираше веста дека во Ормускиот Теснец било соборено иранско беспилотно летало.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се пофали дека американската Морнарица уништила ирански дрон.

„Не сме изгубиле никакво беспилотно летало, ни во Ормускиот Теснец, ниту на друго место. Се плашам дека USS Boxer соборил американски дрон по грешка!“, напиша Аракчи на Twitter, алудирајќи на американскиот воен брод за кој Вашингтон тврди дека е одговорен за соборувањето.

Трамп вчера тврдеше дека дрононот летал на околу 1.000 метри од USS Boxer и дека „ги игнорирал“ повиците да се повлече.

Тој додаде дека станува збор за уште една непријателска акција на Иран, повикувајќи ги и другите земји да ги осудат, како што рече, обидите на Иран да ја наруши слободната пловидба и глобалната трговија во стратешките поморски патишта во Персискиот Залив.

Наводното соборување на дронот е само уште една епизода во судирот меѓу САД и Иран во Персискиот Залив.

реклама

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе