Свет

Иран возвраќа: Американската војска е терористичка организација

16. април 2019 - 16:51 | Б.С.Б.

Иранските пратеници го усвоија предлог-законот со кој американските сили на Блискиот Исток ги означија како терористи.

Предлог-законот е усвоен ден откако на сила стапи одлуката на САД иранската елитна Револуционерна гарда да ја прогласат за терористичка организација.

Државната телевизија пренесе дека министерот за одбрана Амир Хатами поднел предлог закон со кој на владата се дава одобрение одлучно да делува во одговор на „терористичките акции“ на американските сили.

Законот бара властите да преземат правни, политички и дипломатски мерки за да се неутрализираат американските потези, но тоа не е детално разработено.

Наведено е дека од 207 присутни пратеници 204 гласале за предлогот, еден бил воздржан, а двајца биле против.

Коментирај