Живот

Исчистете го дното на пеглата со парацетамол таблета

14. јануари 2019 - 19:27 | А.С.

Можеби ви звучи неверојатно, но таблетата парацетамол не е корисна само за спуштање на високата телесна температура.

Оваа таблета одлично ќе ја заврши работата ако ги чистите наслагите на дното на пеглата за облека.

Сѐ што треба да направите е да ја загреете пеглата и да го втриете апчето на врелата плоча.

Пеглата треба да биде загреана на највисока температура. Додека триете, нечистотијата сама ќе почне да бледнее.

Потоа избришете ја пеглата со сува крпа.

За да ги заштитите прстите, бидејќи таблетата е малечка, користете некаков вид на пинцета и внимателно чистете, без брзање.

Коментирај