Искрен трејлер за „The Princess Bride“
По избор на гледачите Screen Junkies направи урнебесно смешен искрен трејлер за филмот „The Princess Bride“ од 1987 година, во режија на Роб Рејнер.
Дали се сеќавате на овој филм? Ако не, тогаш вреди повторно да го погледнете и да се потсетите на комичните ситуации во него. Додека едно момче е болно и лежи дома, неговиот дедо му чита приказна наречена „The Princess Bride“. Овој искрен трејлер дефинитивно ќе ве инспирира да го погледнете овој филм од осумдесеттите.