Искрен трејлер за „The Purge“
Со пристигнувањето на четвртиот дел од франшизата во киносалите, решивме да ве потсетиме каде започна приказната на „The Purge“. Бруталниот приказ на светото кој го понуди „The Purge“ стана многу популарен кај публиката, па од еден независен, нискобуџетен филм беше креирана голема филмска франшиза.
Екипата на YouTube каналот Screen Junkies подготви уште едно видео од нивниот најпознат серијал Honest Trailers (Искрени трејлери), овојпат за оригиналниот „The Purge“. Тие направија паралела помеѓу светот кој е прикажан во филмот и светот кој го опкружува човештвото во 21 век.