Свет

Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот на свадба во Авганистан

18. август 2019 - 13:43 | Кајгана/МИА
Кабул, 18 август (МИА) – Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен напад на свадба во Кабул, во кој загинаа 63 лица, а 182 се повредени.

Одговорноста ја презеде огранок на ИД во Авганистан.

Талибанците од претходно негираа вмешаност во нападот.

Нападот се случи во време кога Талибанците и САД преговараат за договор со кој се предвидува повлекување на американските сили од Авганистан во замена Талибанците да се посветат на мировните преговори со владата во Кабул. 

Коментирај